29 Март, 2024
0.0271

МИНИМАЛЕЦ ОД 14.500 ДЕНАРИ - посреќни работници, скептични газди - треба ли уште еднаш да се „премери“

Објавено во: Финансии 16 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

По долги преговори и усогласувања, најпосле падна договор. Веќе од декември нема да има работник во земјава кој ќе зема плата пониска од 14.500 денари. Толку ќе изнесува новиот зголемен „минималец“, кој ќе биде повисок од претходниот за две илјади денари.

Владата, синдикатите, стопанските комори и работодавачите пружија рака за зголемување на минималната плата. Но дали фирмите ќе можат да го издржат поголемиот финансиски товар, ќе мора ли некои да стават клуч на врата?

Експертската јавност веќе реагира, препорачуваат да не се избрзува. Институтот Finance Think, пак, како што велат оттаму, и натаму опстојува на ставот дека нивото на минимална плата што е конзистентно со тековната продуктивност во економијата, се движи до 13.500 денари. До ваков наод дошле во нивната Студија, во која е направена квантитативна симулација, како и квалитативна проценка врз основа на длабински интерјуа со засегнати работодавачи.

„Предложеното зголемување на минималната плата на 14.500 денари може да претставува значаен товар за работодавецот кај 2/3 од примателите на минимална плата, додека кај 1/3 ќе помогне за формализација на платата во плико. Finance Think препорачува предлогот за зголемување на минималната плата да се одмери уште еднаш, наспроти овие податоци за состојбите во економијата. Фокусирање врз продуктивноста на нископлатените работници и ефикасноста и технолошкиот напредок во компаниите кои исплаќаат ниски плати е најсигурниот пат за раст на економијата и платите“, велат од Институтот.

И работодавачите претходно испратија предупредување дека некои фирми можеби ќе мора да се затворат, особено помалите. Ова најмногу се стравува за текстилната дејност. Сепак, имаат верба дека субвенциите што ќе ги добиваат за придонесите, со новиот закон кој ќе важи од ноември, ќе им помогнат да ги издржат зголемените трошоци. Според Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи, поголемите и поуспешни компании најверојатно би ги примиле оние работници што би останале без работа.

„Мислам дека пазарот ќе успее евентуалните затворања на овие помали компании кои не работат директно со клиентите, туку преку втора или трета рака земаат работа, и дека тие ќе се вработат во оние конфекции кои ќе обезбедат поголема продуктивност, подобри услови за работа, почитвање на работнички права и ќе можат да ги прифатат евентуално тие луѓе кои би останале без работа“, смета Димитров.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, смета дека зголемувањето на минималецот е исправен чекор. 

„Има противници во нашите редови кои тоа нема да можат да го издржат, тоа се трудоинтензивните дејности, и затоа ова треба да биде проследено со сет на мерки за зголемување на продуктивноста“, рече Азески. 

Министерката за труд и социјала, Мила Царовска, уверува дека двете мерки, зголемениот минималец и субвенциите, се комплементарни.

„Ако тие покачат 2,000 денари во ноемвриска плата со ипслата во декември, тие ја покачиле минималната плата а ќе ги искористат субвенциите за покачување на платата. Значи една со друга се комплементарни мерките, но не значи дека сите ќе ја покачат минималната плата со субвенции, Некој ќе ја зголеми без да користи субвенција“, објасни Царовска.

Власта не направила анализи колку од фирмите ќе имаат неиздржлив товар поради зголемениот минималец. Но, вицепремиерот Кочо Анѓушев тврди дека со оваа мерка власта не врши притисок врз бизнисот, туку ќе му помогне, и преку субвенциите за придонесите, и преку Законот за финансиска поддршка.

„Со ова ние не правиме притисок врз компаниите, напротив, се обидуваме нив да им помогнеме со две мерки, субвенционирање на придонесите и воедно преку законот за финансиска поддршка“, изјави Анѓушев.

Синдикалците ја поздравуваат повисоката минимална плата, но побараа пораст на платите и за другите работници.

„Го подобруваме стандардот за работниците кои се со најниски плати, но мора да мислиме и на другите работници кои се на повисоки нивоа“, вели Дарко Димовски, прв човек на Сојузот на синдикати на Македонија.

Минималецот сега тежи 12.500 денари, откако Владата пред две години го зголеми за 3.500 денари. Власта не се откажува до крајот на мандатот да го исполни зборот за минимална плата од 16.000 денри.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап