Милошоски: Заев пред два - три месеци требаше да го посети Париз
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2019
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва во Топ тема на Телма изјави дека посетата на премиерот Зоран Заев на Брисел, со цел да лобира е задоцнета, и според него Заев требало пред два - три месеци да го посети Париз.
Смета дека македонската дипломатија не обрнала внимание на односите со официјален Париз. Милошоски се надева дека ќе се случи некаков пресврт во однос на добивањето датум за преговори, но вели дека францускиот претседател Емануел Макрон е стабилен и конзистентен политичар.