20 Април, 2024
0.0275

Милошоски: Подобро Катица дома, отколку Заев во Аргентина

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Куќниот притвор за екс специјалната обвинителка Катица Јанева веќе предизвика реакции на социјалните мрежи, кај потитичарите и пратениците.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пишува: 
„За време на преговорите за Законот за обвинителство, премиерот во заминување Заев, се пофали дека тој е во координација со адвокатката Фрчкоска, бранител на обвинетата за "Рекет" Катица Јанева и дека според него контроверзната одлука потпишана од притвор за примопредавање на предметите од СЈО, од Јанева на Јовески, е потег што ќе создаде услови за пуштање на Катица во домашен притвор. Сите беа изненадени од исказот. Како правник и пратеник решив да ја известам јавноста за ваквото скандалозно мешање на премиерот во судството, а после мојата изјава следуваше канонада од напади лично од премиерот во заминување Заев, како и од неговата владина служба за пропаганда, дека ширам лажни вести. Но, вчерашната нарачана судска одлука за пуштање на Катица Јанева дома беше конкретен демант на манипулациите на Заев“, вели Милошоски.
Но, според него, многу подраматично за Македонија е што преку оваа одлука и случајот "Рекет" се откриваат три битни недостатоци во правосудниот систем.

„Прво, за најкрупните криминални случаи во кои се вмешани и функционери, како што е Рекет, одлуките за притвор, ослободување од притвор, преформатирање на телефони, прикривање на докази, влијание врз сведоци и одлуките кој се треба или не треба да биде опфатен со истрагата, обвинителството и судот ги носат во тесна координација со премиерот во заминување Заев, што е деградирање на поделбата на власта и владеењето на правото.

Второ, очигледно е дека премиерот во заминување е главниот координатор на одбраната на обвинетите во мега-скандалот "Рекет", што отвора сомнеж дека во оваа криминална афера и Заев бил дел од групата државни функционери која ги давала насоките за дејствување на тројцата обвинети рекетари, со цел таа група противправно да се здобие со лична имотна корист, да обезбеди спонзорство во кеш за партијата, како и нелегално да финансира медиум.., и

Истрагата и обвиненијата за Рекет беа потег изнуден од притисокот на јавноста преку еден "суетен" македонски и еден "суетен" италијански новинар, а самата афера потоа беше комуницирана пред меѓународната јавност за дел од повлијателните дипломати во Скопје и во Брисел да бидат изманипулирани дека за скандалот Рекет треба да известуваат како за случај каде владата во Македонија се бори против криминалот, а не како за случај каде владата и премиерот Заев се дел од криминалната шема за ракетирање“, пишува пратеникот на Фејсбук.

И додава „И на крајот, откако помина самитот во Брисел, не се доби датумот кој лани се прославуваше, откако е лоциран кривецот во Париз и наближуваат изборите на кои Заев ќе се збогува од влијателната премиерска позиција, следи втората фаза во случајот Рекет, а тоа е политичка контрола на текот на судењето, кое за јавноста треба да изгледа законито, но пресудите мора да се однапред усогласени меѓу Заев, Катица и главниот обвинител. Заев е свесен дека Катица Јанева премногу знае за шемата според која се рекетирале стопанственици и се уценувале пратеници, Катица знае каде завршувале парите и колку проценти одела за партијата, колку за функционерите, колку за телевизијата. Катица Јанева најдобро знае и кој и ги давал насоките за дејствување и чиви пораки примала на телефонот што го "изгуби" и оној што го преформатира. Веројатно затоа премиерот и неговите судии одлучиле дека е подобро Катица да оди дома, отколку Заев да оди за Аргентина“, напиша пратеникот Милошоски на својот фејсбук статус.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите