МИЛОШОСКИ: Oбвинителството да ги вештачи телефоните на Боки 13 и Заев
Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2020
Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција да отвори истрага и да ги вештачи телефоните на Бојан Јовановски, Боки 13, првообвинет во „Рекет“, како и на поранешниот премиер Зоран Заев.
Oва го бараат од ВМРО-ДПМНЕ.
Антонио Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ, барањето го образложи поради сомнение дека Заев е сооуесник и налогодавач, како што рече во најголемата финансиска афера во Македонија.
Вчера завршни зборови за „Рекет“ даде екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, која кажа дека не е виновна и дека била изманипулирана. Пресудата ќе биде соопштена на 18 јуни.