08 Декември, 2024
0.0248

МИЛИОНИ ЛУЃЕ БИ МОЖЕЛЕ ОСТАНАТ БЕЗ ПЕНЗИЈА И ДРУГИ СОЦИЈАЛНИ БЕНЕФИЦИИ ВО ГЕРМАНИЈА: Буџетот не е ребалансиран

Објавено во: Свет 13 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Милиони жители на Германија, би можеле да се најдат во големи проблеми, не по нивна вина, туку благодарение на политичарите.

Причината е што германската влада би можела да остане без пари за пензии и други социјални бенефиции бидејќи буџетот не е ребалансиран. Колку вистина има во тие претпоставки?

„Паѓањето на владата на владејачката коалиција во Германија во голема мера се должи на фактот што не можеа да договорат буџет за да ги затворат дупките во буџетот. Германија дефинитивно нема ребаланс на буџетот за оваа година, ниту буџет за следната година, така ќе остане“, изјави Никола Рујевиќ, новинар на Дојче веле.

Министерството за финансии одобри вонредни 3,2 милијарди евра за граѓански додаток и тој потег беше клучен бидејќи во спротивно додатокот на граѓаните ќе траеше само до 7 ноември. На Германија и се потребни 12 милијарди евра дополнителни заеми за сите исплати на граѓаните.

„Овде веќе нашироко се пишува дека Германија повторно е пациент на Европа. Земјата е во рецесија, ретко кој гледа дека ќе има некој слаб економски раст оваа година. Повеќето веруваат дека рецесијата ќе продолжи“, додаде новинарот Рујевиќ. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Макрон ги спои Трамп и Зеленски во Париз

Макрон ги спои Трамп и Зеленски во Париз

НЕ СЕ ПОВЕЌЕ ИСИС: Кои се новите бунтовници во Сирија?

НЕ СЕ ПОВЕЌЕ ИСИС: Кои се новите бунтовници во Сирија?

Томпсон најверојатно е убиен поради незадоволство од третманот кај здравствените осигуреници во САД?

Томпсон најверојатно е убиен поради незадоволство од третманот кај здравствените осигуреници во САД?

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Во Париз денес се собира светската елита, се отвора „Нотр Дам“

Во Париз денес се собира светската елита, се отвора „Нотр Дам“

ВОВЕДУВААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД ЧЕТИРИ ДЕНА: Целта им е да го зголемат наталитетот

ВОВЕДУВААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД ЧЕТИРИ ДЕНА: Целта им е да го зголемат наталитетот

(ВИДЕО) КАДИРОВ МУ ПОНУДИ ПИШТОЛ НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИК: Ги терал и да скандираат „Русија“

(ВИДЕО) КАДИРОВ МУ ПОНУДИ ПИШТОЛ НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИК: Ги терал и да скандираат „Русија“

РУСИТЕ СО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЛЕТОВИ ДА ЗАМИНАТ ОД СИРИЈА: Апел од руската амбасада во Дамаск

РУСИТЕ СО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЛЕТОВИ ДА ЗАМИНАТ ОД СИРИЈА: Апел од руската амбасада во Дамаск

(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците го нападнаа Кримскиот мост

(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците го нападнаа Кримскиот мост