Милчин за „Медена земја“: Атиџе е светилникот во ноќта
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2020
Сношти го гледав филмот “Медена земја” и од срце го препорачувам ова дело поради вистинитоста, пишува на Фејбсук, професорот Владимир Милчин.
„Филмот ги надминува границите на фактите и естетиката на најдобар можен начин. Во тој филм се живее, не се глуми. Во светот кој е сиромашен хармонијата ја создава посветеноста на Атиџе која живее од пчелите, без да ги загрози. Има ли поактуелна поента во овој свет во кој владее канибализам чии жртви не се само луѓето. Алчност без граници. Атиџе е светилникот во ноќта. Таа живее без да ги загрози луѓето, животните, инсектите... Јунак на нашето време. Во кадрите со нејзината болна мајка во сопчето осветлено со само една свеќа има магија рамна на сликите на Вермер. Би можел да продолжам зашто магијата на филмот се уште трае во мене, но ова е ФБ. Честитки и благодарност за целата авторска екипа“, пишува Милчин.
Овој македонски документарен филм ќе се бори за Оскар.