20 Април, 2024
0.0282

Миќиќ Божиновска: Повратот на ДДВ е повеќе популистичка отколку мерка за враќање на парите

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Најавената мерка за поврат на данокот на додадена вредност е повеќе популистичка отколку мерка со која евентуално ќе се постигне целта - намалување на сивата економија и враќање на парите на граѓаните, вели за Фактор Весна Миќиќ Божиновска, главен и одговорен уредник на весникот Вечер. Тврди оти трговците секогаш, па и во овој случај ќе најдат дупка во законот; и ќе продолжат да работат за свој профит, а од новата мерка најголем ќар сепак ќе имаат најбогатите. Миќиќ Божиновска затоа, вели, „Кој има, тој ќе троши, кој троши тој и ќе добива. 

Според неа, од најавената мерка, која стапува во сила од 1 јули годинава треба да добиваат и граѓаните и државата, а вршителите на дејност се очекува да го намалат обидот за неиздавање фискални и со тоа одбегнување на плаќањето на данокот на државата. Сепак го поставува прашањето колку овие очекувања може да се реални.

Намалување на сивата економија и даночната евазија како една од целите на оваа мерка може многу лесно да остане само на хартија, доколку државата нe преземе мерки за поголема контрола на фискализацијата со посебен акцент на делови од Македонија и Скопје каде што важат „други закони" . Прашањето што се наметнува е колку граѓаните навистина, ќе се занимаваат со тоа да ја скенираат секоја фискална сметка? Можеби подобро ќе беше државата да го намалеше данокот на производите за широка потрошувачка и со тоа повеќе пари би останувале кај тие за кои оваа мерка е наменета, вели Миќиќ Божиновска.

Остава простор секако времето во наредните месеци да покаже колку предвидената мерка ја „спасила" државата од сивата економија, и колку граѓаните навистина се побогати откако на нивните сметки на крајот на годинава ќе легнат 15 проценти на име на поврат на ДДВ.


А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор