28 Март, 2024
0.0244

Мијалкови го прославија доаѓањето на првото внуче, мекици во Мериот

Објавено во: Стил 20 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков го прослави раѓањето внуката на забава во хотелот Мериот.

На социјалните мрежи објавени се фотографии од забавата која ја направиле Мијалкови, а поранешниот директор е сликан со пејачката Тамара Тодевска, која пеела на забавата.

Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, неколку дена пред да започне со издржувањето на тригодишната затворска казна во струшкиот затвор, неодамна  стана дедо, откако се породи неговата снаа Анастасија.

Постариот син на Мијалков и примабалерината Александра Мијалкова, Јордан Мијалков, неодамна се венчаа со Анастасија, а тие го добија своето прво дете, ќерка.

Имено Јордан Мијалков и Анастасија направија прекрасна свадбена веселба со своите најблиски роднини и пријатели.

Фотографиите кои се објавуваат на социјалните мрежи покажуваат дека имало голем број гости на забавата.


Фото: Принскрин/Инстаграм

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи