24 Април, 2024
0.0271

Михаил Мишустин стана нов премиер на Русија без ниту еден глас против

Објавено во: Свет 16 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Руската Дума го одобри Михаил Мишустин за премиер на Русјата Федерација, 383 пратеници ја поддржаа неговата кандидатура на отворено гласање, а никој не гласаше против, додека 41 пратеник беа воздржани.

Пред постапката, фракцијата „Обединета Русија“ објави едногласна поддршка за Мишустин, а Фер Русија исто така, одлучи да гласа позитивно. Комунистичката партија реши да апстинира.

Како одговор, Мишустин им се заблагодари на пратениците за нивната поддршка. Тој увери дека во април тој подетално ќе известува за новиот курс на кабинетот.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот за неговата доверба, пратениците на Државната Дума за фактот што денес ги разработивме сите прашања во детали, разговаравме за насоките на работата на Бладата, пораката што треба да се спроведе и мислам дека во блиска иднина, веднаш штом ќе одлучиме за главните елементи на нашата работа, дефинитивно ќе ве брифирам за тоа “, рече Мишустин пред пратениците.

Кандидатурата на новиот премиер беше поднесена до думата од рускиот претседател Владимир Путин, откако Дмитриј Медведев, кој претходно беше на чело на руската Влада, најави отказ на целиот кабинет во пресрет на предложените уставни измени.

Михаил Мишустин е роден на 3 март 1966 година во Москва. Во 1989 година тој дипломирал во Московскиот институт за машинство.

Тој за прв пат стана државен функционер во 1998 година, кога стана заменик началник на Државната даночна служба. Од 1999 до 2004 година, тој работеше како заменик министер за даноци, а потоа ја предводеше Федералната агенција за катастар на недвижности.

Во 2007-2008 година, Мишустин ја предводеше Федералната агенција за управување со посебни економски зони. Во март 2008 година, тој стана претседател на групацијата компании UFG, вклучени во управување со средства, директни инвестиции и меѓусебни фондови.

На 6 април 2010 година, Мишустин ја предводеше Федералната даночна служба. Технолошките решенија спроведени под негово раководство го направија плаќањето на данок полесно и понекогаш мошне едноставно. На веб-страницата за услуги има десетици електронски услуги. 

На новиот премиер, како доктор по економија му беше доделен Орден за заслуги на Татковината, IV степен, и Орден за честа.



Можеби ќе ве интересира

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството