20 Април, 2024
0.0269

МИГРАНТИ ПОВТОРНО МИНУВААТ КАЈ ТАБАНОВЦЕ: Досега немало проблеми, но кај мештаните има загриженост

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Неколкуте инциденти кои се случија со мигранти во земјава ги исплашија жителите на кумановското село Табановце, каде поминуваат групи и продолжуваат за Србија.

Мештаните велат дека скоро секој втор ден близу селото минуваат групи мигранти. Досега проблеми немало, но сепак стравуваат. Бидејќи овие луѓе транзитираат на „црно“, тие во повеќе наврати викале и полиција. Сепак, велат додека да стигне полициска патрола, мигрантите ги снемува и го продолжуваат патот кон Србија. Овој мигрантски бран не е масовен како оној од пред неколку години, но доза на загриженост постои.

„Тоа не се двајца - тројца луѓе, туку групи од по 20 души. Знаеме дека меѓу нив имаше тепачки, тоа се млади луѓе, и не знаеме што се може да се случи. Поминуваат кај селото, и ако не секој ден, секој втор ден ги гледаме по полињата. Едноставно, постарите жители ако видат дека групата им се приближува, се повлекуваат, си одат дома. Попат на една викендичка имаат и натпис на арпски јазик, ние не ни знаеме што значи, што пишува, но веројатно тоа им е знак за полесна ориентација. Знаеме дека не сакаат да останат овде, тие не заседнуваат во селото, туку само поминуваат. Имаше Пакистанци, Индијци, Авганистанци, и мислам дека нема народ и раса која не помина кај Табановце овие години“, вели Тони Петровиќ, претседател на месната заедница во селото Табановце.

Пред неколку години, кога имаше голем наплив на бегалци од Сирија, мештаните се жалеа затоа што мигрантите им влегуваа во бавчите, па дури имаше и случаи кога преспиваа во помошни објекти.  Жителите на Табановце не сакаат ова сценарио да се повтори.  Во селото има над 300 куќи, и околу 600 жители.

Во полициските билтени неодамна имаше регистрирани инциденти во кои учествувале мигранти. Во близина на кумановското село Табановце, деновиве е пронајден мртов 20 годишен државјанин на Сирија. На телото нема траги од насилство, соопштија од СВР Куманово. На 13 септември оваа година, во место викано Чифлик, во атарот на селото Табановце, Авганистанци тепале државјанин на Индија, кому му одземале  пари. Осомничените одзеле  440 евра, а потоа повторно почнале да го удират оштетениот и го присилиле да побара од неговиот брат да му испрати преку Money Gram  2.300 евра за да биде ослободен. Тие добија притвор.  Претходно, и кај пругата во селото Черкезе имаше тепачка во која учествуваа мигранти.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница