21 Април, 2018
0.0590

Microsoft сепак, не може без Биткоин

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2018

Технолошкиот гигант Microsoft реши повторно да ја врати поддршката на корисниците за плаќање за дигитални услуги, купување на апликации, игри и дигитални содржини од електронската база Microsoft Store со криптовалутата биткоин за PC и Xbox. 

Корисниците кои се регистрирани на Microsoft Store сега ќе може да вршат повторно трансакции со биткоинот, а најчесто се купуваат видео игри, како за компјутер така и за PlayStation, но и се тргува внатре во самите игри со различни „скинови“ за оружја, предмети, „бустери“ и многу други виртуелни иновации кои имаат додадена вредност. 

„Го вративме биткоинот како платежна опција во нашите продавници откако работевме со нашиот провајдер за да се осигура дека помали суми на биткоини ќе бидат прифатени од корисниците“ посочија од Microsoft кој со биткоинот оперира од 2014.

Според оваа изјава се гледа дека привремената забрана за плаќања со биткоин е да не му се нанесе огромна штета на Microsoft, односно некој масовно да се обиде да ја монетизира криптовалутата за дигитални содржини или хардвер во нестабилни периоди на вредноста на биткоинот.

Можеби ќе ве интересира

Зошто турското злато е повлечено од американските сефови?

Зошто турското злато е повлечено од американските сефови?

Во Тетово се бара јавен превоз

Во Тетово се бара јавен превоз

Судот ќе одлучува дали ќе има стечајна постапка за „БЕГ“

Судот ќе одлучува дали ќе има стечајна постапка за „БЕГ“

Teвдовски за Блумберг: Безусловната препорака ќе ја зголеми довербата на инвеститорите

Teвдовски за Блумберг: Безусловната препорака ќе ја зголеми довербата на инвеститорите

Познато кога Град Скопје ќе го објави повикот за субвенции за велосипеди

Познато кога Град Скопје ќе го објави повикот за субвенции за велосипеди

Управниот одбор на ЕВН има нов член

Управниот одбор на ЕВН има нов член

Нема исправни велосипеди за изнајмување

Нема исправни велосипеди за изнајмување

Дали идните пензионери ќе се задоволни со профитите на приватните фондови?

Дали идните пензионери ќе се задоволни со профитите на приватните фондови?

Македонците задолжени до гуша – Колку сме заглавени споредено со другите?

Македонците задолжени до гуша – Колку сме заглавени споредено со другите?