Мицотакис ќе го заштити називот „македонски производи“ и брендот „Македонија“
Објавено во: Балкан 08 Септември, 2019
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на отворањето на 84-от Меѓународен саем во Солун вчера ја претстави владината програма за следните 12 месеци, соопштувајќи мерки во неколку области поврзани со развојот и најави даночни олеснувања што ќе бидат вклучени во буџетот за 2020, jави МИА.
„Сѐ уште не е предвидена некоја средба со господинот Заев, но очигледно е дека во некој момент ќе се сретнам со господинот Заев“, рече грчкиот премиер.
Мицотакис се осврна и на промоцијата, заштитата и зајакнувањето на производите што го носат називот „македонски производи“ и на брендот „Македонија“.