29 Март, 2024
0.0279

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира со народот ако заживее аболицијата

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа во Кочани рече дека неговата опозициска партија ќе протестира со народот доколку тој одлучи повторно да се крене и да протестира ако Уставниот суд ја заживее аболицијата на поранешниот македонски претседател Ѓорѓе Иванов по повеќе од три години.

„А вие можете шверцерски да договарате, притискате и уценувате и корумпирате судии. Можете да си туркате приватни агенди. ВМРО-ДПМНЕ, јас лично ниту поддржуваме ниту некогаш ќе поддржиме. И ако народот се организира да протестира против вакви криминални одлуки, нас ќе не најдете во првите редови против оваа неправда. Ние сме за правда, владеење на правдата и владеење со правото“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека евентуалното поништување на одлуката на Иванов за повлекување на аболицијата како незаконска оди предизборно во корист на СДСМ и дека се сомнева дека тука постојат политички игри. Прстот го впери кон премиерот Зоран Заев, како водач на оваа игра.

„А, денеска ќе го видиме како позади завеса се договара со оние остатоци кои што ги направија уставните измени во собранието и сака на мала врата преку Уставен суд да ја реактуелизира аболицијата. А при тоа, виновен да биде ВМРО-ДПМНЕ. Криминалецот има само криминален ум и ништо повеќе од тоа. ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи. ВМРО-ДПМНЕ е против било каква шверцерска аболиција или помилување на политичари кои што се огрешиле на ваков или таков начин. Но не само на политичари, туку и на секој оној без разлика дали е од ВМРО-ДПМНЕ, дали е од СДСМ или било која друга политичка партија, а ги прекршил законите, се осрамотил пред граѓаните треба да сноси одговорност и да одговара. А, јас ви ветувам, дека после 12-ти април, на 13-ти април преиспитајте се што сте правеле вие господа од СДСМ, нема ниту една аболиција, ниту еден Стево Пендаровски да ве спаси. Од прв до последен ќе одговарате за злоделата што ги направивте на овој народ и на оваа држава“, кажа претходно Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“