23 Април, 2024
0.0287

Мицкоски: Власта не знаеше да предвиди колку ќе паднат буџетските приходи

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Економската состојба во Македонија е алармантна, оценува лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој вели дека за неколку месеци додека трае пандемијата од корона вирусот власта потфрлила во економскиот сектор и ги обвини Министерството за финансии и Управата за јавни приходи за неуспешно собирање на даноците кои ги предвиделе со ребалансот на буџетот од минатиот месец.

„Во месецот кога го правеа ребалансот, во месецот кога ги имаа сите податоци на располагање, тоа е месецот мај, предвидоа дека во истиот тој месец откако ќе се случи ребалансот ќе успее УЈП да собере нешто повеќе од 6,5 милијарди денари, а како што кажав успеале да соберат под 4,5 милијарди денари. Или во месецот кога е правен ребалансот на буџетот - потфрлањето, неспособноста и некадарноста на раководните лица во УЈП и Министерството за финансии е толку големо што и тука прават грешка од повеќе од  2 милијарди денари“, рече во своето видеообраќање Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски потенцира дека намалување бележи индустриското прозиводство за 33,5 проценти, а вели не се реализираат ниту капиталните инвестиции.

Можеби ќе ве интересира

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост