29 Март, 2024
0.0267

Мицкоски: Секој кој сторил криминал, ќе одговара

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Граѓаните на 15 јули да стават крај на корупцијата и криминалот, на понижувањето на Македонија и да заокружат број 14 на гласачкото ливче, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  во општина Кисела Вода синоќа.

„Треба многу грешки да поправаме за некои ќе треба веднаш да делуваме брзо и одлучни, а за некои можеби ќе треба повеќе време, но важно е да ги засукаме ракавите да се обединиме како што многупати во историјата македонскиот народ се обединувал и се спротивставувал пред многу поброен и помоќен противник од ова раководство на СДСМ, рече Мицкоски додавајќи дека главната матрица на СДСМ е пред избори прво, да дојдат да кажат по некоја лага, второ, да направат национално понижување и криминал и трето, да ги перат гревовите, рече Мицкоски.

Затоа, истакна тој, на 15 јули да ги испратиме во минатото, бидејќи, како што рече, тие можат само да крадат повеќе, да распродаваат повеќе. 

„Имаа три години да направат добро, ама за три години не направија ништо и сега заминуваат во историјата. И тие кои што беа тука инвеститорите, заминаа зошто не сакаат да плаќаат арач. Но, ние сме тука да се обврземе дела секој кој сторил криминал го прекршил законот ќе одговара, порача Мицкоски.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ главно е владеење на правото, а во програмата Проект – Обнова има фантастични реформи за оваа област.

„Сето тоа што е ветено во програмата Проект – Обнова ќе биде реализирано. Нудиме 25 проценти повисоки плати, 20 проценти повисоки пензии, илјада километри патишта, укинување на прогресивниот данок, нудиме најмалку 460 милиони евра за земјоделците …“, рече Мицкоски.


Можеби ќе ве интересира

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара