19 Април, 2024
0.0379

Мицкоски: Пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предводат лица кои до сега не се нашле на нив

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција откри дека најголемата опозициска партија решила на изборните листи за предвремените парламентарни избори во април да доминираат и да бидат предводени од лица кои до сега не се нашле на истите.

- Да. Во изборните единици, најголемиот дел, можеби и комплетно, целосно ќе бидат луѓе кои до сега не биле носители на пратеничките листи. истото ќе биде и со составот на пратеничките листи. Најголемиот дел би биле луѓе кои до сега не биле пратеници. Мерењата ќе го дадат одговорот за тоа. Сето тоа ќе треба Централниот комитет на крајот да го потврди, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

Тој рече дека во моментов се анкетираат луѓе кои се дел од јадрото на ВМРО-ДПМНЕ, но и од јавниот општествен живот и не се политички определени, односно земени се во предвид имиња на 500-тини личности.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека останува оптимист дека во мај Македонија ќе добие датум за преговори со Европската унија, но дека не верува во голем ефект од средбата помеѓу македонскиот и францускиот претседател - Стево Пендаровски и Емануел Макрон.

- Станува збор за неколкуминутна средба според информациите кои ги имам јас. Не би бил толку храбар да проценувам колку била успешна или неуспешна, бидејќи колку може да биде за неколку минути. Според она што стигнува до мене, во мај на Самитот во Загреб може да се врати истото прашање за добивање на датум за преговори. Но до тогаш треба да се исполнат условите, а еден од нив е да се одржат транспарентни и демократски парламентарни избори, вели Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата