Добивај вести на Viber
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Брисел порача дека ултиматуми не прифаќа.
Мицкоски, кој е во посета на Брисел, во изјава за медиумите по денешните средби со новиот комесар за проширување Марта Кос и со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека Владата останува фокусирана на реформите и дека е подготвена да разговара за она што е принципиелно за државата и граѓаните, но дека ултиматуми не прифаќа.
„И на двете средби во исклучително пријателска, и би рекол срдечна и конструктивна атмосфера разговараме за сето она што ние досега го имаме поминато како предизвик во минатото, за сето она кое што ние требаше и се откажавме во името на европските вредности, но истовремено ги реафирмиравме нашите ставови дека ултиматуми не прифаќаме, дека сме подготвени да разговараме и подготвени сме да разговараме онолку колку што е потребно за да најдеме начин како да го отвориме првиот кластер, брзо да го поминеме тој процес на преговори и да станеме земја членка во Европската Унија“, изјави Мицкоски.
Вели дека Владата останува посветена на обезбедување подобар живот за граѓаните и дека како дел од таа агенда е и инспирацијата државата да биде дел од европското семејство.
Македонија треба да направи уставни измени за да продолжи по европскиот пат, но тоа досега не се случи.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски