Мицкоски од Берлин: Решение само со јасен крај - членство на Македонија во ЕУ
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2024
Премиерот Христијан Мицкоски во изјава за МТВ вечерва од Берлин порача дека побарал решение за откочување на евроинтеграциите со, како што рече, јасен крај, а тоа да биде членство на Македонија во ЕУ.
Мицкоски рече дека Македонија како народ и држава има дадено премногу отстапки изминатите децении и дека заслужува шанса да ги започне преговорите и да ги отвора поглавјата.
- Останувам подготвен да разговарам со било кого за да изнајдеме решение кое што ќе значи на долг рок вистинско решение со јасен крај - а крајот треба да биде членство на Македонија во Европската унија, истакна премиерот.