Мицкоски: Ќе ги поврземе Скопје и Битола со автопат, ќе се патува само час и пол
Објавено во: Економија 18 Февруари, 2020
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција рече дека дел од програмата „Повеќе за секого“ ќе биде поврзување на Скопје со Битола со автопат доколку најголемата опозициска партија дојде на власт по парламентарните избори на 12 април.
„Нема развиена економија без добра инфраструктура и транспорт. Ќер изградиме автопат пд Скопје до Битола преку Велес, Чашла и Прилеп и ќе се патува за час и половина, а активно ќе им користи на еден милион граѓани, рече Мицкоски.
Тој најави и доградва на автопатите Кичево-Охрид и Скопје-Блаце, како и нов асвалт за сите регионални патишта и нивна целосна реконструкција во должина од 1.000 километри.
„Ќе се обноват150 експресни патишта о ќе се изгради нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка, нов експресен пат од Битола до границата со Грција, како и изградба на експресен пат од Струмица до границата со Бугарија“, најавува Мицкоски.
Тој додаде и дека ќе се купат пет нови возови и ќе се субвенционираат прекуокеански летови.