МИЦКОСКИ: Ситуацијата во државата оди во погрешен правец
Објавено во: Македонија 13 Август, 2020
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека на средбата со претседателот Стево Пендаровски било заклучено дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев дал уверување дека ќе работи на создавање на парламентарно мнозинство.
Вели дека ова е претстава на штета на граѓаните.
„Ситуацијата во државата оди во погрешен правец“, рече Мицкоски.
Kaжа дека се барале избори, за да функционираат институциите, а потоа лидерот на СДСМ, Зоран Заев отишол на одмор.
„Ова е игра на време, игра на купување на време“, додаде Мицкоски.
Вели дека се купува време за девијантни однесувања.
Кажа дека тие се репрезент на 315.000 гласови, и ќе ги преиспитаат односните со претседателот, додека не покаже дека е претседател на сите граѓани.
Вели дека ако се исцрпени сите опции, а не се, тогаш може да се размислува и за нови избори.
Тврди дека е доста граѓаните да бидат жртви на погрешните политики.