Мицкоски: Има да се засукаат ракавите и да се работи деноноќно
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2019
Ќе имаме јасни стратешки партнерства со ЕУ, САД и НАТО, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на 28. годишна конференција на УМС.
Вели дека ќе работат за ЕУ, ќе работат за стандарди и принципи.
„Да си ги признаеме слабостите за да можеме да одиме напред, а ниските страсти во политиката ќе ги оставиме на страна. Еден мој пријател од една западна земја членка на НАТО во една прилика ми рече „Имаме проблем со Зоран Заев. Ветува се живо на секаде и никому не вика не“. Од мене нема да чуете приказни дека на некого ќе му го омекнувам срцето само за да ни се погледа низ прсти, туку има да се засукаат ракавите и да се работи деноноќно“ – рече Мицкоски.
Тој соработката со ЕУ, САД и НАТО ја наведе како една од деветте основи на кои ќе се базира нивната програма.