Мицкоски им одговори на осудените за „Диво насеље“ кои се заканија на екс функционери
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2019
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги нарече кукавици осудените за „Диво насеље“ кои се заканија на екс функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој одговори и на заканите кои утрово преку отворено писмо ги испратија осудените за „Диво насеље“ кои порачаа дека ќе ги гонат макар до крајот на светот Никола Груевски, Сашо Мијалков и Али Ахмети, како и дека имаат листа од 13 имиња на кои ќе им се одмаздат.
„Луѓето се обидуваат од внатре да му слугуваат на деспотот Заев, при тоа гледајќи дека со неколку потези може да измени закони. Претпоставувам бараат милост од Заев што е можно побрзо да излезат од таму. Грозоморно и монструозно е да се коментираат едни такви изјави од луѓе што се соочуваат со затворска казна како резултат за она што го сторија во Диво Насеље. Кукавици по Фејсбук се закануваат по луѓе, политичари и граѓани, а при тоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот за да добијат што е можно помала казна. Ако сториле нешто, има да одговараат за тоа“ – рече Мицкоски.
За него ова е обид за дефокусирање на јавноста.