22 Септември, 2021
0.0389

МИЦКОЦКИ СЕ СРЕТНА СО ВУЧИЌ - мини Шенген не е алтернатива на ЕУ, туку начин на премостување на бариерите

Објавено во: Македонија 03 Август, 2021

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска во Белград, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и пратеникот и лидер на ДПСМ Иван Стоилковиќ оствариле средба со Претседателот на Република Србија и лидер на СНС Александар Вучиќ.

На средбата се разговарало за продлабочена соработка на двете сестрински партии во рамките на Европската народна партија, европските перспективи и регионалната соработка.

„Мицкоски посочи дека потребно е регионот конечно да направи сериозен чекор во однос на борбата и потрагата за подобар живот и посреќни граѓани. Иднината на регионот не е во градење на ѕидови, туку мостови кои ќе донесат подобар и побогат живот за сите“, рекол Мицкоски посочувајќи дека европското интегрирање треба да биде акцелератор на тие процеси.

Двајцата соговорници истакнаа подготвеност за продлабочена соработка во рамките на Европската народна партија.

Вучиќ даде поддршка на позициите за развој на соработката и продлабочено пријателство, како и иницијативата "мини шенген" која не смее да се гледа како алтернатива на Европската Унија туку како на начин на премостување на бариерите и развој на државите.

Можеби ќе ве интересира

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: Порано во Струга, Кичево или Чаир ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се бореа за градоначалник, а помагаа албанските гласови, сега е обратно

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: Порано во Струга, Кичево или Чаир ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се бореа за градоначалник, а помагаа албанските гласови, сега е обратно

ЛЕТО, СЕ ГЛЕДАМЕ СЛЕДНАТА ГОДИНА: Вечерва пристигнува есента

ЛЕТО, СЕ ГЛЕДАМЕ СЛЕДНАТА ГОДИНА: Вечерва пристигнува есента

ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА: Граѓанка дури три пати „фатила“ ковид-19

ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА: Граѓанка дури три пати „фатила“ ковид-19

ВО ЕДНАТА РАКА ПРОТИВ КОВИД, ВО ДРУГАТА ПРОТИВ ГРИП: Нема никаква опасност да се примаат вакцините истовремено, уверува епидемиологот Стојанов

ВО ЕДНАТА РАКА ПРОТИВ КОВИД, ВО ДРУГАТА ПРОТИВ ГРИП: Нема никаква опасност да се примаат вакцините истовремено, уверува епидемиологот Стојанов

Џес Бејли по две и пол години откако си замина: Се сретна со Пендаровски во Њујорк

Џес Бејли по две и пол години откако си замина: Се сретна со Пендаровски во Њујорк

МИГРАНТИ ПОВТОРНО МИНУВААТ КАЈ ТАБАНОВЦЕ: Досега немало проблеми, но кај мештаните има загриженост

МИГРАНТИ ПОВТОРНО МИНУВААТ КАЈ ТАБАНОВЦЕ: Досега немало проблеми, но кај мештаните има загриженост

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По пожарот во Тетово дисциплината е поголема, а во меѓувреме протече документ за набавка на модуларните болници

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По пожарот во Тетово дисциплината е поголема, а во меѓувреме протече документ за набавка на модуларните болници

Румен Радев бара Македонија да ги почитува човековите права

Румен Радев бара Македонија да ги почитува човековите права

Меѓу починатите од коронавирусот и денес има млади луѓе

Меѓу починатите од коронавирусот и денес има млади луѓе