19 Април, 2024
0.0268

МИ-ДА Гранд Моторс на нова, модерна локација и со нова понуда

Објавено во: Мои пари 14 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Овластениот импортер и сервисер на возилата од марката на Ford, МИ-ДА Гранд Моторс, започна со работа на својата нова локација, во комплетно нов, атрактивен продажно-сервисен објект, кој воедно е и еден од најмодерните објекти во нашата земја.

Новиот дом на Ford Македонија е направен по премиум стандарди на вкупна површина од 9600 м2, од кои затворен објект на 2640 м2 и располага со Ford салон од 450 м2 каде сите потенцијални сопственици ќе може да се запознаат со најновите модели и технологии на Ford, како и Ford сервис од 1300 м2 каде веќе-постоечките сопственици на Ford ќе добијат висококвалитетни сервисни услуги по врвни стандарди.

„ Отворањето на овој објект се совпаѓа со 25-годишнината од присуството на Ford во Македонија и преселувањето на нова локација не значи само преселба на возилата и инвентарот, ниту значи единствено нови канцеларии за нашите вработени. Тоа е всушност согласно деловната стратегија на групацијата, која е во насока на континуиран раст, ефективно работење и подобрување на нашите услуги, па убеден сум дека и нашите сегашни и идни клиенти ќе го препознаат нашиот стабилен чекор напред. Оттука, возбудлив и остварлив Ford кој овозможува профитабилен раст за сите е всушност и дел од мисијата на МИ-ДА Гранд Моторс и верувам дека со оваа нова локација, ќе успееме омилениот Ford да го направиме и подостапен за сите“, изјави Дритон Заири, генерален директор на Ford Македонија.


Новата локација на Ford Македонија се наоѓа на ул. „Босна и Херцеговина“ бр. 1, односно на крстосницата со Булевар „Словенија“, а покрај Ford салонот и сервисот, истата располага и со модерно опремено и пространо приемно одделение и паркинг за над 100 места. Во склоп на новиот објект ќе почне да функционира и брендот за користени возила „Аутото“, со кој се овозможуваат одлични услови за набавка на половни возила, како и гаранција до 1 година.

Истовремено, по повод на отворањето на новиот објект и 25 годишното присуство на пазарот, компанијата ја најави и својата најнова кампања Home Sweet Ford, која овозможува големи попусти и подароци за сите потрошувачи, а трае сѐдокрајотна 2019 година.

Во рамки на кампањата, за сите возила достапни на залиха, следуваат попусти од најмалку 15%, зависно од моделот, а за одредени модели следуваат и подароци како зимски гуми, каско осигурување, кровни носачи и сл.За корисниците на сервисните услуги на Ford, исто така следуваат бројни подароци и изненадувања.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга