16 Мај, 2021
0.0193

МГ Фешн: На Холидеј Ин се проектира урбан и зелен комплекс и објекти со тројно намалена катност

Објавено во: Економија 11 Април, 2021

По бројните текстови во медиумите, во јавноста со свој став излезе и компанијата МГ Фешн, од каде велат дека на просторот до Холидеј Ин се проектира урбан и зелен комплекс, и објекти со тројно намалена катност.

„Со оглед на фактот што во медиумите во континуитет се споделуваат макети - разни визуелизации на проектот кој е предвиден да се гради на парцелата спроти Холидеј Ин, а дополнително на социјалните мрежи почна да циркулира он-лајн „Петиција против изградба на висококатници на парцелата спроти Холидеј Ин“ сакаме да ја информираме јавноста дека работиме на подготовка на презентација на проектот, кој во текот на следната недела ќе го претставиме на организиран настан со медиумите.

На презентацијата точно, вистинито и целосно транспарентно ќе информираме за отпочнување на процесот на изградба на комплексот. Визуелизациите кои се споделуваат на интернет и со кои се подгрева отпор кон проектот ни одблиску не кореспондираат со реалниот проект, неговата вистинска слика и вредност“, децидни се од МГ Фешн во своето соопштение до јавноста.

Оттаму нагласуваат дека сосема спротивно на она што се споделува, станува збор за модерен, целосно еколошки и енергетско ефикасен проект, изработен според највисоки еко стандарди и согласно сите законски прописи во земјата.

„Наспроти 60-катните бетонски облакодери за кои претходно се информираше во јавноста, а кои воедно ги дозволува актуелниот ДУП за Градска Четврт Ц08, предвиден е урбан комплекс со многу јавно зеленило, и објекти со тројно намалена катност од дозволената, каде ќе се применат најсовремени материјали и дизајн, достоен за 21 век“, потенцираат од МГ Фешн.

Додаваат дека остануваат достапни и целосно отворени за соработка со медиумите, во интерес на фактите и вистината, да ја информираат јавноста за комплексот онаков каков што тој навистина ќе биде.

Можеби ќе ве интересира

Инвеститорите во криптовалути треба да бидат подготвени да ги изгубат своите пари

Инвеститорите во криптовалути треба да бидат подготвени да ги изгубат своите пари

ЕДЕН РЕГИОН, ЕДНА ЕКОНОМИЈА

ЕДЕН РЕГИОН, ЕДНА ЕКОНОМИЈА

Бугарите штедат и во време на пандемија

Бугарите штедат и во време на пандемија

Иако е во сенка на златото, цената на среброто забрзано расте

Иако е во сенка на златото, цената на среброто забрзано расте

Хрватска ги отвора вратите за сезонците, можете да заработите до 1.200 евра

Хрватска ги отвора вратите за сезонците, можете да заработите до 1.200 евра

Мизо: Ризици постојат, ќе има зголемување, но тоа ќе биде далеку од онаа состојба во 2019 година

Мизо: Ризици постојат, ќе има зголемување, но тоа ќе биде далеку од онаа состојба во 2019 година

Советникот на Заев, Александар Обрадовиќ, поставен за директор на ЕЛЕМ Трејд

Советникот на Заев, Александар Обрадовиќ, поставен за директор на ЕЛЕМ Трејд

Кој му плати на Туџаров 440.000 евра: Првиот човек на Реплек продава акции од компанијата

Кој му плати на Туџаров 440.000 евра: Првиот човек на Реплек продава акции од компанијата

АНА-МПА: Заев со успешни средби со Хеленик Петролеум, нафтоводот може да се активира на лето

АНА-МПА: Заев со успешни средби со Хеленик Петролеум, нафтоводот може да се активира на лето