20 Април, 2024
0.0287

МФ: Со денешната редовна аукција Министерството за финансии сервисира стари долгови од пред 5 години

Објавено во: Финансии 15 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Со денешната аукција Министерството за финансии ќе покрие стари долгови од претходно издадени државни хартии од вредност, кои доспеваат за исплата на 16ти и 19ти октомври. 

Ова е редовна аукција, најавена во календарот објавен на веб-страната на Министерството за финансии и нема ново нето задолжување. Станува збор за презапишување на претходно издадени државни обврзници, од кои најголем дел се издадени пред 5 години, соопштуваат од Министерството за финансии. 

Во насока на стабилизирање на државниот долг, додаваат, бројот на аукции сега е преполовен во однос на бројот на аукции на претходната влада и е сведен на 2 месечно - пракса од која не се одстапува. 

Каматните стапки по кои се издаваат државните хартии од вредност сега се најниско историско ниво. Тие се неколкукратно пониски во однос на пред неколку години. И со оваа аукција тие се намалени за дополнителни 10 базни поени. Со ова се намалува трошокот на државата за сервисирање на долгот. Стариот долг со повисока каматна стамка се сервисира со значително пониска каматна стапка со денешната аукција на ДХВ.

Што се однесува до висината на јавниот долг, на 31.12.2016 долгот изнесуваше 48,8% од БДП додека на 30.06.2019 изнесува 46,7% од БДП, потенцираат од МФ.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин