19 Април, 2024
0.0245

Месото ќе се меле по европски стандарди

Објавено во: Агробизнис 01 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Преработката, подготовката и мелењето на месо ќе се врши според посебни стандарди утврдени со новиот предлог Правилник за квалитет на мелено месо, подготвки и преработки од месо. Правилникот денеска во Агенцијата за храна и ветерина, им беше презентиран на Групацијата на производители и преработувачи на месо при Стопанската комора на Македонија. Според директорот на Агенцијата за храна и ветерина, Дејан Рунтевски, со носењето на ваквиот Правилник за овие производи ќе се допрецизираат стандардите кои треба да ги исполнат за да се најдат на пазарот. -Интенција на Агенцијата е да обезбеди еднаков третман на производителите на пазарот, а за потрошувачите безбеден и кавлитетен производ. Затоа, само преку соработка и конструктивен дијалог ќе се обидеме да го најдеме оптималното решение и за месната индустрија и за потрошувачите, изјави Рунтевски. Планот е со ваквата подзаконска регулатива да се стават во рамноправна положба сите преработувачи на месо и на тој начин да се постават стандардите на сите месни производи на македонскиот пазар. Во следните две недели преработувачите на месо треба да ги достават своите забелешки по однос на предлог Правилникот, до Агенцијата за храна и ветерина.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари