22 Октомври, 2020
0.0194

МЕРКИТЕ ЌЕ БИДАТ И ЗА ГРАЃАНИТЕ И ЗА ФИРМИТЕ - некои се познати, некои се нови

Објавено во: Финансии 24 Септември, 2020

Четвртиот пакет на мерки ќе се заснива на три столба – социјален и здравствен кој ќе се однесува на граѓаните и нивниот стандард, вториот столб ќе биде за бизнисите односно економската активност и работните места, сите активности што подразбираат ликвидност, финансиската стабилност и економското опоравување и третиот столб е фискалната и финансиската стабилност воопшто во економијата, вклучувајќи ја и финансиската стабилност на општините. 
Ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на емисијата Економски магазин на Алсат-М телевизија.
„Оваа ќе биде рамката на четвртиот пакет и ќе бидат потаргетирани во контекст на тоа што сме го забележале како било реализирањето на претходните пакети, актуелните пакети и тоа што очекуваме да се реализира. Ќе има мерки кои биле познати до сега, кои покажале резултат, истите или ќе се редизајнираат, ќе има мерки кои ја завршиле својата улога и нема да се повторат или пак ќе има нови мерки, значи три категории“, рече Бесими.
Тој посочува дека за да се обезбедат средства за четвртиот пакет мерки ќе се направи репрограмирање или реалокација на средствата од постоечкиот буџет, каде ќе се видат каде ќе можат да се кратат средства што се однесува на позициите кои согласно динамиката нема да се реализираат целосно до крајот на годината, евентуално ако има потреба останатиот дел од финансирањето што нема да може да се реализира од буџетот, ќе биде со јавен долг.
„Ќе видиме за реалокација на средствата и евентуално дополнително финансирање, дали ќе биде од резервната база од буџетот или ќе има дополнителен заем, тоа ќе се финализира последниот ден кога ќе знаеме колку можеме да кратиме од актуелниот буџет. Но, сепак, пакетот мора да има сигурно финансирање, макар и со јавен долг“, вели Бесими.

Можеби ќе ве интересира

ММФ ПОРАЧАЛ: Народна банка постапила правилно со одземањето на дозволата на Еуростандард, да не се политизира нејзината работа

ММФ ПОРАЧАЛ: Народна банка постапила правилно со одземањето на дозволата на Еуростандард, да не се политизира нејзината работа

ПРАТЕНИЦИ И ЕКСПЕРТИ - ќе има ли жешко собраниско чешлање на Еуростандард

ПРАТЕНИЦИ И ЕКСПЕРТИ - ќе има ли жешко собраниско чешлање на Еуростандард

ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА КОСТОВСКИ: Големи пари од Еуростандард се одлевале во струмичкиот регион и во фирма која требало одамна да биде банкрот

ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА КОСТОВСКИ: Големи пари од Еуростандард се одлевале во струмичкиот регион и во фирма која требало одамна да биде банкрот

КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА СТИГНАЛА ПРЕД ОСУМ ДЕНА - како ќе се одмотува клопчето Еуростандард банка

КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА СТИГНАЛА ПРЕД ОСУМ ДЕНА - како ќе се одмотува клопчето Еуростандард банка

Народна банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка

Народна банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка

НЕМА ПОСЕБЕН ЗАКОН ЗА ОБЕШТЕТУВАЊЕ - Заев отворено им кажал на штредачите од Еуростандард

НЕМА ПОСЕБЕН ЗАКОН ЗА ОБЕШТЕТУВАЊЕ - Заев отворено им кажал на штредачите од Еуростандард

Народна банка: Основната камата нема да се намалува, бидејќи има ризици

Народна банка: Основната камата нема да се намалува, бидејќи има ризици

Блажев: Има граѓани што продале имот, или штеделе пензии за да им бидат на едно место, и потоа парите им пропаднаа

Блажев: Има граѓани што продале имот, или штеделе пензии за да им бидат на едно место, и потоа парите им пропаднаа

БЕРЗА: Во првите девет месеци пораснал прометот, а нагоре отишле само цените на акциите на Алкалоид, Комерцијална и НЛБ Банка

БЕРЗА: Во првите девет месеци пораснал прометот, а нагоре отишле само цените на акциите на Алкалоид, Комерцијална и НЛБ Банка