23 Април, 2024
0.0340

Меркел: Признание за Заев и Ципрас на храброста за постигнатиот договор

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел им оддаде признание на премиерите на Република Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за нивната храброст да постигнат договор и да го надминат повеќедеценискиот спор, овозможувајќи и на тој начин влез на Република Северна Македонија во НАТО, пренесе МИА.

– Во секој конфликт може да се најде решение доколку се покаже храброст, истакна Меркел на Минхенската конференција за безбедност.

Таа, меѓу другото, предупреди и дека мултилатералниот светски поредок се распаѓа, но тоа не значи дека треба да се уништи. Меркел ја критикуваше изолационистичката и националистичката политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Мора да се бориме за Европа, за мултилатерализмот, против оние кои мислат дека можат се сами, нагласи Меркел.

Ретко во досегашната историја имало толку многу несогласувања меѓу САД и Германија. Моментно овие две земји имаат спор околу Иран, одбранбената пресметка и гасоводот Северен тек кој треба да достави руски гас во Германија.

Берлин е загрижен за мултилатералната соработка по повлекувањето на САД од неколку меѓународни договори, вклучувајќи ги Парискиот климатски договор и иранскиот нуклеарен договор, двата потпишани во 2015 година.

– Кој ќе ги собере парчињата од распаѓањето на светскиот поредок? Ние. Сите ние, заедно, порача Меркел во својот говор на Минхенската конференција за безбедност.


foto: politico.eu

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП