25 Април, 2024
0.0314

Меѓународен семинар за македонски јазик до БАН: Недолично е да се негира македонистиката

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје реагира на најновите ставови на Бугарската академија на науките во која посочија дека не постои македонски јазик.

Од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура потенцираат дека е недолично да се негира нешто што е признато и познато, а тоа е МАКЕДОНИСТИКАТА на мапата на светската славистика, но и балканистика.

По повод ставот на БАН, реакцијата ви ја пренесуваме целосно:

„Челниците на БАН како да забораваат дека Меѓународниот семинар е основан уште во 1967 година заради презентирање, координирање на високообразовните и научните достигнувања од областа на македонскиот јазик и научните достигнувања од областа на македонистиката во земјата и странство. Знаат, ама не сакаат да знаат дека Меѓународниот семинар организира Летна школа за македонски јазик, литература и култура како и Меѓународна научна конференција од областа на македонскиот јазик и македонската литература; а исто така ја организира и работата на лекторатите по македонски јазик во странство и подготвителната настава по македонски јазик за странски државјани кои сакаат да студираат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Така што крајно е неакадемски, и научно неиздржано, да се пишува дека „изучувањето на македонскиот јазик на голем број странски универзитети се должи на државната политика на РСМ за целисходно субвенционирање на лекторатите во странство“. Што ќе кажат претставниците на високата академска и научна фела на држава членка на Европската Унија на следниве факти? Како ќе го (и)збришат постоењето на македонскиот јазик? Со тоа што овие факти (бројки) ќе ги помножат со нула? Зашто досега се одржани 52. Летни школи со лекторска настава и предавања од кадри образувани на македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Зашто досега се одржани 52. Летни школи на кои учествувале повеќе од 4000 учесници од над 60 земји (бројка голема како што е и онаа на учениците на големиот Св. Климент Охридски во неговата Охридска книжевна школа), меѓу нив голем број истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, научни работници и студенти кои го изучуваат македонскиот јазик во нашите лекторати и универзитетите во светот и на кои учество оствариле и остваруваат и сериозни научни кадри од Бугарија. Во рамките на Летната школа се одржува и Меѓународна научна конференција, на којашто странските и македонските слависти и балканисти ги соопштуваат своите истражувања од областа на јазикот, литературата и културата.Досега се одржани 46. Меѓународни научни конференции на кои свое учество имале и професори, научници, истражувачи и од Бугарија.

Под управа на Меѓународниот семинар за  македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје повеќе од 50 години настава по македонски јазик се изведува во повеќе лекторати на универзитетите во странство. Значајни се лекторатите во: Турција (Истанбул), Унгарија (Будимпешта), Руска Федерација (Москва), Франција (Париз), Полска (Краков), Романија (Букурешт), Полска (Сосновјец), Хрватска (Риека) и Србија (Ниш). Покрај во овие центри, македонскиот јазик се изучува и е составен дел на студиските програми уште на универзитети во: Торонто (Канада), Воронеж, Перм, Санкт Петербург (Русија), Љубљана и Марибор (Словенија), Белград, Нови Сад (Србија), Загреб (Хрватска), Познањ (Полска). Како активност за 2020 година е предвидено подготвување на терен за отворање на нови лекторати по македонски јазик во странство.

Така што недолично е да се негира нешто што е признато и познато, а тоа е МАКЕДОНИСТИКАТА на мапата на светската славистика, но и балканистика“, стои во нивната реакција испратена до медиумите.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот