Меѓу починатите има млади лица на 36, 44 и 53 години: Црна ковид статистика
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Октомври, 2020
Досега во Македонија од компликации од коронавирусот починаа 883 луѓе. Во последното деноноќие, како што информираше пред малку Министерството за здравство починати се девет лица.
Нема детали дали имале претходни болести, но меѓу починатите се и помлади лица. Имено од четворицата пациенти од Скопје кои ја изгубиле битката со Ковид-19 едниот има само 36 години, другиот бил 53 години, а двајца се на 60 и 65 години. Пациентот кој починал, а е од Штип имал 66 години, еден е од Радовиш со 72 години, еден од Струмица кој имал 71 година додека лицето од Пробиштип имало 75 години. Починат е и пациент од Македонска Каменица кој имал само 44 години.