МЕГАН МАРКЛ ШОКИРА СО ВИСОКИТЕ АМБИЦИИ: Ќе се кандидира за претседателка на САД?
Објавено во: Свет 02 Август, 2021
Сопругата на
принцот Хари, Меган Маркл, би можела да се кандидира за претседател на САД во
следните 10 години, тврди нејзиниот биограф.
Во својата колумна, познатиот британски писател и новинар Том Бауер, кој ја пишува кралската биографија за војвотката од Сасекс, тврди дека поранешната американска актерка може да се кандидира за претседателка на САД.
Меган Маркл, според него, секако има храброст и самодоверба да се бори за својата позиција. Меѓутоа, прашањето, како што понатаму наведува, е дали војвотката ќе биде упорна во нејзината намера.
Пријателка на војвотката за популарниот американски магазин „Vanity Fair“ рече дека со станувањето сопруга на британскиот принц, поранешната актерка не се откажала од американското државјанство поради можноста да влезе во политичките води на САД.