21 Април, 2021
0.0223

Меџити се повлекува, повеќе не е координатор на пратеничката група на ДУИ

Објавено во: Македонија 08 Март, 2021

Изет Меџити се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ.

Тој на својот профил на Фејсбук објави дека го известува претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери дека се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ.

Тој во обраќањето наведе дека Џафери придонел за дополнителни демократски вредности во домот на демократијата, а демократијата, вели не само што дозволува, туку и ја промовира и иницира дебатата, а со тоа и различното мислење, „не само во општеството и во храмот на демократијата, републичкиот Парламент, туку дури и во рамките на еден политички субјект“.

„Од оваа причина, стоејќи достоинствено зад овие принципи, останувајќи силно зад личните ставови, досега често изразени во јавноста, дека во политичкиот субјект на кој припаѓам од првите денови на нејзиното основање, се развиваат случувања што на никаков начин не можат да одат во прилог на најголемата политичка сила на Албанците на РСМ и што е уште поважно, ни во прилог на неприкосновениот лидер на Албанците, претседавачот  Али Ахмети, но и заради не создавање на забуна ниту кај еден мој колега во Собранието, а од друга страна, со намера да дадам поширок простор на мојата интенција за подостоинствена елаборација на позицијата зад која силно стојам, Ве известувам дека се повлекувам од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ“, наведе Меџити.

Меџити деновиве на Слободна ТВ изјави дека во партијата има разлики, како политички така и во други конотации, но дека со оглед на тоа што има состојба со епидемија во која никој не треба да придонесува да се влоши ситуацијата, се прават обиди да бидат решени разликите и проблемите кои во ДУИ реално постојат.

Можеби ќе ве интересира

Маж си ја убил сопругата во Струга

Маж си ја убил сопругата во Струга

Продолжуваат мерките за ограничување на движењето до 27 април, но предвидени се исклучоци

Продолжуваат мерките за ограничување на движењето до 27 април, но предвидени се исклучоци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија ќе набавува вакцини од „Торлак“, Македонците кои се вакцинира, може да се ревакцинираат во Србија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија ќе набавува вакцини од „Торлак“, Македонците кои се вакцинира, може да се ревакцинираат во Србија

Охриѓанец дал 4.500 евра на измамници кои го лажеле дека ќе добие наследство од Франција

Охриѓанец дал 4.500 евра на измамници кои го лажеле дека ќе добие наследство од Франција

Бројката на починати од коронавирусот надмина 4.500

Бројката на починати од коронавирусот надмина 4.500

Земјотрес е регистриран во западна Македонија

Земјотрес е регистриран во западна Македонија

Србите во Македонија нема да плаќаат патарини од 15 јуни до 15 август

Србите во Македонија нема да плаќаат патарини од 15 јуни до 15 август

НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ: Се намалува бројот на заразени и починати

НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ: Се намалува бројот на заразени и починати

Регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 и 31 починат

Регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 и 31 починат