24 Април, 2024
0.2322

Медиумите од регионот загрижени за шоуменот Боки13

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Што се случува со Бојан Јовановски, каква е неговата здравствена состојба, како е третиран во затворот во Шутка...Се само дел од прашањата кои си ги поставуваат медиумите од соседството.

Постојано се пренесуваат информациите од македонските медиуми а одекна и веста дека Боки13 е пренсен во клиника откако колабирал во тоалет во судот.

Непријатна ситуација проследи вчера јавноста.

На првиот осомничен во „Рекет“ му се слоши во ОЈО, каде беше донесен да даде исказ, но тоа не се случи бидејќи итно мораше да биде пренесен во болница.

Адвокатот Дуковски пред медиумите кажа дека неговиот клиент итно е хоспитализиран во болница. 

Половина час откако од истражниот затвор во Скопје е донесен во обвинителство да даде изјава како прв осомничен Јовановски е изнесен со помош на количка и во придружба на полиција префрлен во болница.

Според Дукоски, Јовановски започнал да повраќа во тоалетот на обвинителството, му се слошило и се онесвестил, додавајќи дека „тоа било непријатна сцена“.

„Не случајно тој досега беше најмалку 20 пати во болница. Тој не даде изјава. Повраќаше во тоалетот, а потоа колабираше. Многу лоша и грда сцена“, рече бранителот на „Боки 13“, Сашо Дукоски.

Од друга страна пак Директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Христијан Костов, вели дека Бојан Јовановски нема сериозни нарушувања на здравјето, откако првоосмничениот во „Рекет“ беше вратен назад во притвор во затворот во Шутка.

На 4 октомври, Апелациониот суд во Скопје го отфрли барањето на Јовановски да биде ослободен од затворскиот притвор, во кој тој е од 15 јули, затоа што истрагата беше завршена и неговата здравствена состојба беше лоша.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи