Маж загина во пожарите во Косово
Објавено во: Балкан 04 Август, 2021
Регистрирана е првата жртва во пожарите во Косово. Едно лице загина во пожар во Ново село, на околу 50 километри од главниот град Приштина, како последица од густиот чад, објави косовската полиција.
Се работи за маж, кој најверојатно влегол во штала која била зафатена од пожарот и се задушил. Жртвата е пренесена в болница без знаци на живот.
Пожарите се активни во регионот на Сува Река, Призрен, Националниот парк Проклетије и Јањево, општина Липљан.
Пожари има во Хрватска, Турција, Македонија, Грција.