МАЖ ПУКАЛ СО ПУШКА: Спречена заложничка драма во српско училиште
Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2019
Горан Т. (46) од селото Ливадица во близина на градот Велика Плана вооружен влезе во средно улилиште и пукаше од автоматска пушка. Како што соопшти српското Министерство за внатрешни работи, мажот пукал кон таванот.
Тој пукал двапати од неговото оружје, за потоа го совладал професор кој работи во средното училиште. Кај него се пронајдени уште и рачна бомба и експлозив.
Првите информации до кои дојде српски „Блиц“ укажуваат на тоа дека човекот има психички проблеми и сакал да направи заложничка драма во училиштето.
Напаѓачот сакал со заложничката ситуација во средното училиште да го привлече вниманието на претседателот Александар Вучиќ или министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.