МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2024
Маж паднал од дрво и починал, a неговата невенчана сопруга го однела во болница и се обидела да избега во Албанија.
Во СВР Тетово, вчера во 14 часот е пријавено од болницата во Дебар дека кај нив бил донесен 67-годишниот Ј.А. од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше. Тој починал откако паднал од дрво додека собирал костени со неговата 53-годишна невенчана сопруга Џ.Б од Република Албанија. Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот е уапсена на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти Македонија. Таа е задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.