19 Април, 2024
0.0686

Матурантката Хана Селмани ќе учи на Њујорк универзитетот во Абу Даби со целосна стипендија

Објавено во: Мои пари, Интервјуа 05 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Хана Селмани е матурантка во меѓународното училиште „Нова“, а ќе го продолжи своето академско патување во едно од најпрестижните училишта во светот – универзитетот Њујорк на кампусот во Абу Даби. Таа го започнала својот пат во „Нова“ на почетокот од средното училиште и е задоволна со изборот што го направила.

- Сега можам да кажам дека сум задоволна од мојот избор на училиште бидејќи првичниот впечаток кој го имав за „Нова“ остана до крајот на моето школување. Бев изложена на различни перспективи во текот на сите мои четири години. Особено уживав во дисциплината и динамичното темпо на часовите што се дел од искуството во „Нова“ бидејќи тие ми ги потенцираа силните страни, ми помогнаа да се подобрам во одредени области и верувам дека ме подготвија за универзитетот - вели Хана.

Ми се допаѓа натпреварувачката атмосфера

Доби целосна стипендија од универзитетот Њујорк на кампусот во Абу Даби. Зошто реши дека ова е најдоброто место за тебе, со оглед на тоа дека имаше понуди од неколку други универзитети?

Покрај тоа што е многу конкурентен и престижен универзитет и има одлична програма што би сакала да ја студирам, верував дека овој универзитет во Абу Даби ќе биде совршен за мене. На Блискиот исток, студентското тело е разновидно, а местото е културолошки ново за мене, што ќе ми помогне да излезам од мојата комфорна зона и да размислувам неконвенционално. Програмата во NYU во Абу Даби се фокусира на холистички развој на студентите наместо на тесна специјализација само во нивните главни предмети - нешто што мене ме заинтригира. Покрај инженерството, многу сум заинтересирана и за уметност и дебата.

Што те привлече кон електротехниката? Каде се гледаш себеси во иднина?

Отсекогаш ме инспирирале иновациите, наоѓањето решенија и решавањето на загатки. Во текот на целото мое образование, ме привлекуваа теми како што се математика и физика, бидејќи тие даваат бесконечни количини на проблеми за решавање. Уживав до тој степен што тестовите повеќе ги гледав како загатки отколку како извор на стрес. Уште кога бев мало девојче, бев воодушевена од работењето на машините и степенот до кој технологијата го промени нашиот секојдневен живот и го дефинира времето во кое живееме. Инженерите ми беа извор на инспирација и се восхитувам на влијанието што го има нивната работа и пронајдоците. Кога ќе помислам дека еден ден, моја обврска ќе биде да работам на машини и уреди што ќе помогнат да им се олесни животот на луѓето, чувствувам голема среќа. Абу Даби и Обединетите Арапски Емирати постојано растат и се развиваат, со пристап до најновата технологија што светот може да ја понуди. Од тие причини, ова место би било совршено во однос на наоѓање на практикантска работа или само за добивање на инспирација од околината. Освен тоа, ова е поле што првенствено го следат мажите, бидејќи жените обично се обесхрабрени и се надевам дека со тоа што не се повлеков и што вложувам максимум за да успеам, можам да ги инспирирам другите жени да ги следат своите амбиции без разлика дали некој им кажал поинаку.

Дел од IB програмата

Како ти помогнаа професорите и советниците во „Нова“ да се запишеш на вистинскиот универзитет?

Самиот факт дека имавме еден час неделно посветени на академско советување, ни помогна на сите ученици во „Нова“ да научиме повеќе за процесот на аплицирање, како и кои универзитети би можеле да бидат вистинскиот избор за секој од нас. Имавме многу часови посветени на универзитети во различни земји во кои се објаснуваат различните системи, а тоа ни даде идеја на секој од нас кои земји и универзитети би биле најсоодветни за нашиот профил. Исто така, многу беше корисно да се има посветен советник подготвен да одговори на било кое од нашите прашања, или да се сретне и да разговара за нашите индивидуални планови. Добивме помош и совети, како и подготвителни часови за полагањето на влезните испити, со цел да бидеме квалификувани кандидати за нашите посакувани универзитети. 

Имајќи во предвид дека последните неколку месеци часовите се одржуваа онлајн поради светската пандемија, дали си задоволна од тоа како течеше процесот во „Нова“?

Верувам дека мојот случај како и на сите други матуранти кои се дел од програмата IB (International Baccalaureate), е поразличен од оној на другите ученици во „Нова“ и учениците во други училишта. Вториот семестар од нашата последна година во гимназија е посветен на завршување на часовите од почетокот и остатокот од времето е насочено кон подготовка за мајските испити. Пандемијата нè затекна во време кога го завршивме речиси целиот материјал. Имавме среќа да останеме дома само за повторување и да немаме многу настава преку интернет, бидејќи верувам дека ова беше нов извор на стрес за многу студенти. Сепак, ние сè уште имавме задачи да ги завршиме, некои од нив се клучни за IB дипломата, но нашите наставници беа многу внимателни и спремни да ни помогнат секогаш кога ни беше потребно и навистина го ценам тоа. Моето искуство беше различно од другите студенти од „Нова, но јас бев задоволна од подготвеноста на моите наставници да ни помогнат и да нè ислушаат за да го искористиме времето најефикасно.


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година