29 Март, 2024
0.0239

Математички се поизводливо ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собрание

Објавено во: Анализа 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Откако судот ги пушти во домашен притвор сите сега веќе осомничени за крвавите настани од 27 април, најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ има и математички изгледи да се врати во Собранието на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ со месеци ја критикуваше власта за политичка пресметка и реваншизам и бараше да се укинат притворите за осомничените, особено за шесте нивни пратеници кои завршија зад решетките на истражниот затвор Идризово, за потоа дел од нив да бидат пуштени на „домашно“, а за дел од пратениците притворот во Шутка траеше доста долго.

Математичкиот проблем кој го постави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и натаму нема целосно решение. Од една страна пратениците целосно ќе може да се бранат од слобода, но тие веќе се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, освен пратеничката Жаклина Пешевска која е ослободена од обвинителството во понатамошниот процес.

Сега, ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да донесе одлука, дали ќе даде бланко поддршка на сопартијци кои се обвинети и кои ќе бидат дел од екстензивен судски процес за докажување тероризам со обиди да изврши каков таков притисок за нивно евентуално прогласување за невиновни. Вториот избор на ВМРО-ДПМНЕ е да прифати дека процесите во правосудството мора да се одвиваат без политички притисоци и дека страшните сцени од упадот во Собранието на 27 април при што имаше и обид за убиство врз пратеници мора да биде судски расветлен.

Од ВМРО-ДПМНЕ се очекува да ја презеде улогата на вистинска опозиција, да покаже конструктивност, да учествува во јавните дебати, да придонесе за подобри законски решенија и секако да овозможи квалитетно создавање на неопходните реформи од кои зависи како внатрешната можност за напредок на општеството, така и за евроатланските аспирации на Република Македонија.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот