29 Март, 2024
0.0258

Мартенс со барање до македонската Влада: На германските инвеститори им треба предвидлива криза

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Партик Мартенс, претседателот на Делегацијата на германското стопанство, кое ги застапува германските инвеститори во Македонија, ја повика Владата да „ја направи попредвидлива епидемијата за нив за да може тие да ги направат и спроведат своите инвестициски планови“.

Претставникот на германската стопанска комора ова го кажа по состанокот со министерот за економија Крешник Бектеши, каде што Мартенс се информираше дали државата планира дсо автономен пакет на економски мерки да ги поддржи странските инвеститори од автомобилската индустрија.

- На денешната средба зборувавме за сериозната состојба со германските инвеститори но и каква ќе биде соработката во иднина.За компаниите е најприоритетно сигурноста во планирањето и правната сигурност и точно да се знае како се одвиваат процедурите во одредени области во државата. Германските комапании во земјата како и во матичните во Германија поминуваа тежок период во кризата. Никој не е сигурен кога ќе заврши пандемијата, рече Мартенс.

На брифингот со новинарите, правејќи споредба, тој рече дека „Македонија и Германија, гледано процентуално во однос на буџетот, приближно еднакво се задолжуваат за да ја помогнат економијата преку пакет на мерки“.

- Треба корона кризата да биде предвидлива. Кога не знаеме како таа ќе се однесува, не може да се направи ниту добар план за инвестициите, изјави Мартенс кој имаше состанок со Бектеши на негово барање.

Министерот рече дека државата ќе донесе мерки кои ќе ги направат компаниите поконкурентни на внатрешниот и надворешниот пазар.

- Го информирав господинот Мартенс за четвртиот сет, кој е усвоен од Владата,сега чекаме усвојување на ребалансот, а тука е и акциониот план на Министерството за економија. За автономните мерки од автомобилистичката индустрија, нашиот закон за царини и тарифи не е целосно усогласен со царинските стапки на ЕУ. За тоа треба да се разгледа и економската оправданост и да се добие позитивно мислење од Министерството за финансии. Има германски компании кои во 2021 сакаат да ги удвојат своите капацитети во Северна Македонија, а за тоа ние до Владата ќе треба да поднесеме предлог-мерки за помош, порача Бектеши.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи