Мартенс: Останете и во иднина професионални како што сте досега, индустријата и стопанството пред нов предизвик
Објавено во: Економија 07 Октомври, 2022
Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство за Северна Македонија, Косово и Албанија
Сакам да ги искажам моите искрени честитки за 10 годишниот јубилеј на економскиот портал Фактор. Сметам дека е од особена важност постоењето на портал чиј фокус е само стопанството и кој не информира за економските случувања во земјата, но и во светот. Фактор е медиум кој не Ве уморува со политика.
За нас Фактор претставува портал каде вестите кои ќе ги прочитаме ги сметаме за релевантни, што е особено важно во време на лажни вести, каде секој поединец може да отвори портал и да пренесува буквално што сака.
Со Фактор соработуваме од самиот почеток на неговото постоење, имаме одлична соработка која се надевам дека ќе продолжи и во следните 10 години.
Честитки до сите уредници и новинари кои го сочинуваат овој портал, останете и во иднина професионални како што сте досега!
Со воениот нападот од страна на Русија врз Украина, но пред се индустрија во Европа се ставени пред нови задачи кои се нов предизвик за Европа.
Ова влијае на целокупното производство, почнувајќи со пекарите каде се произведува леб, па се до челичната индустрија.
Компаниите не се секогаш во состојба зголемените трошоци на производството да ги надоместат преку повисоки трошоците кон клиентите. Од овие причини некои од производителите се приморани привремено да го стопираат во целост производството што ќе доведе до нарушување на синџирите на добавувачи во Европа.
Драматично е дека во производство во сите овие фабрики чие производство работи на високи температури, самото функционирање на печките не дозволува нивно исклучување. Покрај индустријата за челик, погодена е и индустријата за преработка на стакло, пластика, фармацевтска и хемиската индустрија.
За индустриското производство во Европа мора веднаш се најде најскоро преодно решение за да се надминат следните месеци, како и да се овозможи конкурентно производство на индустријата со набавка на енергија од други земји.
Долгорочна цел и понатаму треба да е декарбонизација и следење на Green deal, односно да се форсира производство на енергија со обновливи извори на енергија и зелен водород, воедно истовремено Европа да успее да стане независна од увозот на енергија.