24 Април, 2024
0.0293

МАРТ, АПРИЛ, МАЈ: Koлку фирми згаснале во Македонија?

Објавено во: Економија, Корона Вирус 16 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Во рок на три месеци, додека Македонија се бореше  и сѐ уште се бори со пандемијата на коронавирусот, во земјава се затворени голем број фирми од различни дејности.

Во март има многу повеќе згаснати фирми за разлика од месеците април и мај, покажуваат податоците на Централниот регистар.

Во март се избришани околу 1.000 фирми, а во април и мај бројката се движи околу 260.

Најпогодени се фирмите кои се занимавале со трговија на големо и мало, рестораните, фризерските и салоните за убавина, такси компаниите, фирми од товарен патен транспорт, но и сметководствени и фирми кои даваат адвокатски услуги.

„Во Охрид досега немам слушнато некој угостител да затворил, а големи последици има по работењето. Доколку состојбата продолжи, многу угостителски објекти нема да го преживеат периодот. Ако вака продолжи, во октомври ќе мора да затвораме, и секако дека и во сезона ќе има отпуштања, затоа што немаме капацитет да работиме, да ги платиме луѓето, меѓу масите мора да има дистанца“, раскажува угостител од Охрид.

Погоден е и занаетчискиот сектор, и тоа може да се види од податоците за затворени фирми.

Пандемијата со коронавирусот ги погоди занаетчиските бизниси, има дел од бизнисите кои затворија поради неможноста да се справат со кризата, но во најголем дел занаетчиите се борат со ситуацијата. Целиот занаетчиски сектор е погоден од ситуацијата, очекуваме поголем процент на затварање на бизиниси и отпуштање на вработените во периодот што следи од причина што  епидемијата добива се поголем замав“, вели Анета Атанасовска, од Комора на занаетчии Скопје.

На листата на избришани се и фирми кои се занимавале со производство на мебел, хотели, агенции за недвижен имот, интернет портали, дејности за пакување, фирми кои се занимавале со различни типови на производство,  но тие се бројно многу помалку.

Меѓу  избришаните се и помал број на фирми кои се занимавале со мешовито фармерство, живина, одгледување на овошје и слично.

Се затвориле аптеки, авто школи, теретани, маркетинг агенции и други фирми.

Македонија последниве недели има голем број на новозаразени од коронавирусот, додека состојбата  на Балканот се нормализира.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска