25 Април, 2024
0.4623

Макотен: Нема потреба од сензација, купопродажбата на посебниот дел од Мериот е спроведена 100 отсто законски!

Објавено во: Мои пари 26 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Во врска со медиумските прилози за купопродажбата на недвижен имот, посебен реален дел во хотелот „Мериот“, компанијата Макотен ДООЕЛ Гевгелија, чиј единствен содружник е Новоматик од Австрија, во чија групација е и “Казино Фламинго”, сака да го адресира следното: 

Целокупната постапка за купопродажба на посочениот недвижен имот е спроведена исклучиво во согласност со позитивните законски прописи. “Новоматик” како реномирана корпорација и светски бренд кој доаѓа од земја членка на ЕУ нема никогаш да си дозволи било какви деловно-правни односи кои можат да го нарушат нашиот имиџ на компанија која секогаш работи 100 % законски. Како повеќегодишен закупец на посочениот недвижен имот менаџментот на “Макотен ДООЕЛ Гевгелија” во согласност со добрите деловни обичаи и правото на првенствен откуп во случај на продажба, одлучи да пристапи кон купување на недвижниот имот кој досега како “Казино Фламинго” го имаше во владение по основ на закуп. И оваа, како и сите наши претходни инвестиции во Северна Македонија ги сметаме како добра порака до сите други инвеститори за перспективите и стабилноста на македонската економија.

Потенцираме дека вредноста на нашите досегашни инвестиции во Северна Македонија изнесуваат 80 милиони евра и воедно амбициозно планираме нови проекти кои ќе ја движат македонската економија напред и ќе отвораат нови работни места. Ние сме дел од македонската економска гранка - игри на среќа веќе 17 години и како претставник на “Групацијата Новоматик Македонија” ќе продолжиме да имплементираме највисоки европски и светски стандарди во нашето деловно работење. 

Се трудиме да ја разбереме потребата да се направи сензација, но сепак апелираме до дел од медиумите да се воздржат од евентуално ставање во негативен контекст на реномираната “Новоматик” и нејзино намерно или случајно поврзување со некакви дневно - партиски агенди или тековни правосудни постапки.  Искрено се надеваме дека со ова ги разјаснуваме сите наши деловни активности околу купопродажбата на посочениот недвижен имот и сакаме да веруваме дека нема да бидеме доведени во крајна нужда за да користиме правни дејствија да го заштитиме угледот на корпорацијата која ја претставуваме во Северна Македонија.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет