28 Март, 2024
0.0257

Марадона погребан само пред 200 луѓе, а еве само кои можеа да присуствуваат на приватната церемонија

Објавено во: Свет 27 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber


Фудбалската легенда Диего Марадона беше погребан за време на приватна церемонија на која присуствуваа само 200 луѓе на гробиштата Хардин Бела Виста во Буенос Аирес. 

Малата церемонија изгледаше како целосна спротивност од онаа што се одржа претходно во четвртокот, кога десетици илјади ожалостени со часови минуваа покрај ковчегот со телото на Марадона.

Само членовите на семејството и блиските пријатели им беше дозволено да присуствуваат на верската церемонија на гробиштата, каде што Марадона беше погребан покрај неговите родители Далма и Диего.

Меѓу присутните беа неговите ќерки Далма и Џанина, потоа неговата поранешна сопруга Клаудија Вилафан, а подоцна дојде и Вероника Охеда, уште една од поранешните жени на Марадона, со нивниот син Диегито Фернандо. На погребот присуствуваше и Јана, која Марадона ја призна како ќерка пред само неколку години.

До вечното почивалиште Марадона беше придружуван од неговите поранешни соиграчи, со кои го освои Светското првенство во 1986 година, а имаше и други многу познати аргентински фудбалери, вклучувајќи го и Карлос Тевез.

Претходно, фановите, носејќи аргентински знамиња, се собраа покрај патот што го мина погребниот автомобил со ковчегот на Марадона, со силни безбедносни мерки. Многумина се обидоа да го допрат возилото секогаш кога требаше да запре поради сообраќајот.

Претходниот собир во аргентинската претседателска палата заврши нешто пред 18 часот, 12 часа откако започна, во согласност со желбите на семејството.

Телото на еден од најдобрите светски фудбалери потоа беше однесено на погребот, што разбесни многумина кои чекаа да оддадат почит но не дочекаа и тоа доведе до тензии со полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин