03 Август, 2021
0.0192

МАПАС со порака до граѓаните - Информирај се навременo за својата пензија

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2021

Во насока на навремено и соодветно информирање на јавноста за клучните аспекти поврзани со тростолбниот пензиски систем во РСМ, МАПАС и оваа година спроведува активности за информирање и едукација на граѓаните.  Преку овие активности МАПАС има за цел да ја подигне свеста особено кај младите кои сега стапуваат во работен однос за важноста од навремено информирање за придобивките и можностите, како и за правата и обврските на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови.

Капитално финансираното пензиско осигурување во првите пет месеци од 2021 година оствари раст од 9%. Заклучно со мај 2021 година, нето средствата на задолжителните пензиски фондови изнесуваат околу 95 милијарди денари, додека нето средствата на доброволните пензиски фондови изнесуваат 2,5 милијарди денари. И бројот на членови во вториот столб се зголеми за 2% и сега изнесува околу 538 илјади, додека во третиот столб вкупниот број на членови во мај 2021, споредено со декември 2020 година, се зголеми за 2% и изнесува 26 илјади членови.

На 1.3.2021 почна со работа и третиот доброволен пензиски фонд - Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, и сега капитално финансираното пензиско осигуурвање брои вкупно шест пензиски фондови, три задолжителни и три доброволни пензиски фондови.

Позитивните резултати се потврда за стабилноста на капитално финансираното пензиско осигурување кое е под супервизија на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС.

„Навистина сме горди што и успешно работиме во интерес на осигурениците. Постигнатите резултати нѐ охрабруваат да продолжиме со нашата цел - подигнување на свеста, особено на младите, за навремено информирање и носење одлука за својата пензија. Колку порано граѓаните се информираат и се вклучат во капитално финансираното пензиско осигурување, толку подобра иднина си обезбедуваат за мирни и стабилни пензиски денови“, истакна Максуд Али, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС.

Сите информации за членство во задолжителните и доброволните пензиски фондови, за регулативата и нејзините промени, како и за правата и обврските на членовите се достапни на интернет страницата www.penzija.mk

Капитално финансираното пензиско осигурување е вториот сегмент според големината на активата во рамки на финансискиот систем, веднаш по банкарскиот сектор во земјава и има значајна улога за финансиската стабилност на земјата. 

ПР-објава

Можеби ќе ве интересира

ЛИТАР БЕНЗИН СТИГНА ДО 75 И 73 ДЕНАРИ, ДИЗЕЛОТ СКОКА ДРАМАТИЧНО НА 63,5 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР - еве по кои цени ќе точиме горива

ЛИТАР БЕНЗИН СТИГНА ДО 75 И 73 ДЕНАРИ, ДИЗЕЛОТ СКОКА ДРАМАТИЧНО НА 63,5 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР - еве по кои цени ќе точиме горива

ЕБОР и партнерите со поддршка на зелените инвестиции и бизнисите во Северна Македонија

ЕБОР и партнерите со поддршка на зелените инвестиции и бизнисите во Северна Македонија

До сега собрани 6,5 милиони евра од регистрација на возила со бугарски таблички

До сега собрани 6,5 милиони евра од регистрација на возила со бугарски таблички

ЦРНA ГОРА ИМА 58 МИЛИОНЕРИ! Најбогатиот од нив чува неверојатна сума пари во банка!

ЦРНA ГОРА ИМА 58 МИЛИОНЕРИ! Најбогатиот од нив чува неверојатна сума пари во банка!

Македонија, Србија и Албанија ќе имаат заедничка поштенска марка, но и една цена за услугите на пратки?

Македонија, Србија и Албанија ќе имаат заедничка поштенска марка, но и една цена за услугите на пратки?

Поради зголемувањето на јавниот ќе дојде време да не може да ги сервисираме долговите, смета Никола Поповски

Поради зголемувањето на јавниот ќе дојде време да не може да ги сервисираме долговите, смета Никола Поповски

Горан Трајановски ќе го пробива Телеком Србија на македонскиот пазар

Горан Трајановски ќе го пробива Телеком Србија на македонскиот пазар

„Фактор“ рангира: Колку пари прават најголемите компании чии акции се тргуваат на берзата?

„Фактор“ рангира: Колку пари прават најголемите компании чии акции се тргуваат на берзата?

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОРАСНА, АМА МАЛКУМИНА СЕ НАД НЕА - само 35 отсто вработени имаат повеќе од просекот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОРАСНА, АМА МАЛКУМИНА СЕ НАД НЕА - само 35 отсто вработени имаат повеќе од просекот