25 Април, 2024
0.0325

МАПАС со добивка и приходи како да е приватен пензиски фонд

Објавено во: Економија 06 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување со бројките кои за прв пат ги објави од ревизорот за 2019-та, може да им конкурира по остварената добивка и приходи на самите пензиските фондови кои ги регулира. МАПАС безмалку остварил добивка од половина милион евра, многу повеќе од една година претходно, што може да му позавидат и пензиските друштва што ги контролира.

Ррегулаторот на пензиските друштва и пензиските фондови минатата година остварил 76 милиони денари приходи како надоместоци од трите пензиски друштва, од кои најмногу 38,3 милиони од КБ Прво пензиско друштво, 35,6 милиони од Сава и 2,7 милиони од Триглав, кое доби лиценца за работа лани во март и започна да работи со првите придонеси од задолжителното пензиско осигурување во април 2019.

- Приходите на Агенцијата во 2019 бележат пораст од околу 23 отсто во споредба со претходната година. Како индикатори за порастот на приходите на Агенцијата може да се наведат мини реформата на пензиското осигурување согласно последните законски измени, зголемување на бројот на членови на вториот и третиот пензиски столб и зголемување на просечната бруто плата во РСМ, вели независниот ревизор.

Трошоците на МАПАС од друга страна изнесуваат 49,5 милиони денари за цела година.  Станува збор за нешто повеќе од 28 милиони денари нето добивка за агенцијата, која не се оданочува, затоа што станува збор за непрофитна организација. МАПАС сега има вкупна акумулација од 131 милиони денари, 26 милиони повеќе за една година.

Агенцијата го контролира управувањето со придонесите на 507.556 членови на приватните задолжителни и 25.181 членови на доброволните пензиски фондови. Сава има довивка од 93,8 милиони денари, КБ Прво има 124 милиони, а Триглав, која е на самиот почеток, засега работи со загуба. Вкупните приходи на трите друштва лани биле 520 милиони денари.

Од поголемите промени на страната на трошоците кај МАПАС, евидентно е зголемувањето на расходите за две возила на лизинг, рекламна кампања, патувањата во странство, инвентар и софтверски лиценци, додека останатите ставки се слични како и претходната година.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија