МАПА ГИ ОТКРИВА РИЗИЧНИТЕ ДЕСТИНАЦИИ: Немојте да патувате во овие земји
Објавено во: Свет 07 Јануари, 2020
Travel Risk Map, покажува дека најопасни места за туристи во 2020 година се Либија и Сомалија.
Станува збор за земјите во кои повеќето посетители имаат проблеми со работи поврзани со нивната безбедност.
На врвот на листата се најдоа Либија и Сомалија, а веднаш зад нив се Авганистан и Венецуела.
Најдобра е состојбата во Финска, Норвешка и во Ирска, кога ќе се земат предвид сите фактори.
Во првите пет најбезбедни земји се најдоа Швајцарија и Словенија.Во нашиот регион, само Косово е со повисок ризик, а другите земји се во иста категорија каде има ниска опасност по безбедноста на туристите.
фото Википедија