28 Март, 2024
0.0361

МАНДАТОТ ВО НИЧИИ РАЦЕ: Македонија на крстопат-ќе има ли излез од кризата или ќе го допреме блиското дно?

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов не му го даде мандатот за формирање влада на лидерот на втората партија во македонскиот парламент - опозициската СДСМ.

Ова стана јасно по вчерашната средба на опозицидкиот лидер со шефот на државата кој подоцна ги образложи своите аргументи пред јаноста.

„Како втора партија по број пратеници не можеме да добиеме мандат за формирање на влада. Условот на Иванов беше дека треба да докажеме дека имаме мнозинство во согласност со Уставот, што значи 61 пратеници, чии потписи како доказ треба да бидат претставени во кабинетот на Иванов, по што ќе добиеме мандат“, рече Заев. 

Иванов одржа вчера средби со лидерите на главните партии во земјата. Тој веќе разговараше со раководството на двете помали албански партии - „Беса“, која има петмина пратеници, и “Алијанса за Албанците“ тројца пратенички мандати. Меѓу средбите немаше изјави ниту од претседателот, ниту од двете партии. 

Само од движењето „Беса“ кратко изјавија дека топката е во полето на парламентот и кој има мнозинство, тој ќе формира влада.

Иванов се сретна и со лидерот на најголемата албанска партија Демократска унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети. 

„Сите треба да придонесеме за излегувањето од кризата и за изнаоѓање на прифатливо решение. Заедно сме одговорни за наоѓање на оваа одлука за иднината на нашата земја“, рече Ахмети по средбата. 

Иванов се сретна и со лидерот на најголемата политичка партија во македонскиот парламент ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски а екс премиерот не се појави со изјава пред јавноста.

Во македонскиот Устав не е наведено на кого шефот на државата треба да му го врачи мандатот за формирање влада, откако најголемата политичка партија во земјата не успеала во овој потфат. 

На предвремените парламентарни избори на 11 декември ВМРО-ДПМНЕ доби најмногу гласови. Во 120-члениот парламент партијата на Груевски има 51 пратенички мандати. Социјалдемократскиот сојуз на Зоран Заев - 49, Демократската унија за интеграцијана Али Ахмети - 10, Движењето „Беса“ на Билал Касим - 5, Албанскиот сојуз на Зијадин Села - 3 и Демократската партија на Албанците на Мендух Тачи - двајца пратеници.

Засега клучот е во слабите на раце на претседателот Иванов. Тој постави ултиматум, кој според многумина не е фер, бидејќи Иванов му го даде мандатот на Груевски кој немаше мнозинство и не успеа да состави влада а сега бара мнозинство па тогаш мандат.

Состојбата е неизвесна и не се знае до кога политичарите ќе си играат со нервите на граѓаните.

Граѓаните од Иванов, без разлика на сите слабости на неговата позиција претседател, очекуваат државнички а не партиски одлуки. Од неговите одлуки директно зависи не само дали Македонија ќе крене по пат на излез од кризата, туки и стабилноста и иднината на државата.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“