МАЛКУ Е ГРИПОТ - па вчера избил и пожар на Инфективна
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2020
Вчера попладнето избил пожар на Клиниката за инфектологија во Државна болница.
За среќа нема информации за повредени пациенти или лекари, а не се нае дали била загрозена нивната безбедност.
„На 21.02.2020 во 18,45 часот во СВР Скопје било приајвено дека настанал пожар во клиниката за Инфектологија во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ при што опожарени биле кабли и цевки во тоалет од една од собите. Пожарот е изгаснат од противпожарнат единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.За настанот е запознаен јавен обвинител“, соопшти Министерството за внатрешни работи.