23 Април, 2024
0.0259

Малите фирми најголеми должници во банките!

Објавено во: Финансии 03 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Во моментот банките не можат да наплатат дури 260 милиони евра од бизнис секторот, од кои, најголем дел, според информациите од банките,  доаѓаат од малите и средни претпријатија од  угостителскиот и трговскиот сектор, но и од земјоделските фирми. Бизнисмените објаснуваат дека иако малите фирми се трудат во услови на криза што помалку да се задолжуваат, проблемот со неликвидноста и должничко- доверителските односи, ги туркаат фирмите во безилезна состојба. Земјоделските, трговските и угостителските објекти се најпроблематичните должници, велат банкарите. Последните податоци на Народната банка покажуваат дека банките не можат да наплатат дури 260 милиони евра од бизнис секторот, од кои според нив, најголем дел доаѓаат од малите и средни претпријатија од  угостителскииот и трговскиот сектор, како и земјоделските фирми. Анализирано по сектори, се чини дека во моментот најлошо поминува угостителскиот сектор. Иако статистиката постојано покажува раст на бројот на туристите, угостителите тврдат дека бизнисот им тоне,тешко ги враќаат ратите  и дека во скоро време многу од локалите ќе затворат.
„Секаде е намален обемот на работа, и изреката дека кафеаната е одраз на стандардот на народот, тотално одговара на ситуацијата. Кога станува збор за кредити, состојбата е уште потешка. Угостителите тешко земаат кредити а уште потешко и ги враќаат. Банките се скептични кон овој сектор, единствено надеж ни даваат кредитите од МБПР кои ги најавија за мали сместувачки капацитети до 70 легла“, вели Дончо Таневски, претседател на ХОТАМ.
Најлесно се заглавува во трговијата! Во ништо подобра состојба не се ни малите трговски фирми кои според податоците од Централниот регистар, во земјава, најлесно се отвораат но и најлесно се затвараат. Михаил Кирков, заменик претседател на Трговската комора при ССК вели дека кризата е клучен проблем зошто малите трговски фирми заглавувале со плаќањето на ратите во банките.
“Во моментот најчеста причина е малиот обем на работа и затоа фирмите имаат потреба да се задолжуваат. Дополнително, тие влегуваат со мал капитал и немаат што да заложат па ставаат под хипотека сопствен имот. Од друга страна, ја имате нефлексибилноста на банките. Со поголемите компании е многу полесно затоа што тие и кога заглавуваат им ги продаваат објектите на банките, “ вели Кирков.
Експертите сметаат дека негативните трендови во отплатата на кредитите се одраз на реалните состојби во економијата, бидејќи компаниите, особено малите и средни, се уште се соочуваат со тешки ликвидносни проблеми. Тоа го потврди и државната статистика која објави дека трговските фирми во последниот квартал лани, работеле со зголемени залихи, а очекувањата за нарачките во следниот период им биле неповолни. Останатите фирми пак, работеле со половина искористеност на капацитетите, при што проблем се и финансиските проблеми и неизвесното економско опкружување. Според податоците на Народната банка,  минатата година банките не можеле да наплатат вкупно 360 милиони евра, при што најголемиот дел, или 260 милиони евра се од компаниите, додека 100 милиони евра се од граѓаните. Соња Наумовска

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА